Историја на компанијата

Корпоративен развој

Историја на компанијата

Историја на компанијата Сано

 

Приказната на компанијата Сано започнува 1976 година со основање на фирмата Сано-Млеко во Графенвалд, Долна Баварија. Основната дејност на фирмата Сано-Млеко во тоа време била дистрибуција на замени за млеко, подоцна производната програма се надопони со премикси и протамино концептот. Почетните делувања на компанијата беа едноставни и скромни.

Во 1979 основачите го поставија камен темелникот за сопствен производен погон со изградба на првиот магацински простор во Графенвалд. Фирмата Сано уште тогаш беше базирана на високи стандарди за квалитет. Така одлучија во1981. година да изградат сопствено производство. Основачи на претпријатието беа Бернхард и Еделтрауд Валдингер. Сано набрзо, врз основа на исклучителниот квалитет и технолошката инвентивност на своите производи, стана важен фактор на пазарот во Германија.

Од долна Баварија во Европа

Во 1990. година започнува освојувањето на пазарите во средна и источна европа. Во 1999. година Сано изгради друг производен објект во Полска. Во 2003. се покрена бран на меѓународна експанзија:  Истата година изграден е третиот производен погон во Поповача, Хрватска како и деловни и магацински простори во Александровац, Босна и Херцеговина. Две години подоцна, 2005. година Сано отвора производство во Нови Сад, Србија. Петтиот производен погон во 2005. година го основа во Ксему во Маџарска. Со Сано Аграр Институтот во Полска, компанијата во 2009. Година изгради сопствен завод за истражување и развој.

Во текот на повеќе од 40 години постоење Сано израсна од регионален понудувач во голема марка за ефикасна исхрана и производство на животни. Во 2009. Година, во Кина се отвора првата фабрика надвор од Европа. Следи основање на претпријатие и фабрика во Еквадор (2011. год.), во Мексико (2012. год.), и во Јужна Африка (2013. год.) и потоа во Чиле и Грузија (2015. год.).

Со осум производни погони, со 35 сопствени претпријатија, како и со повеќе од 700 соработници низ целиот свет Сано сака здраво да ги храни животните а со тоа и човекот.

 

Вашиот директен контакт со нас

Сано – Современа прехрана за животни
+389 02 2600 041
+389 02 2626 960
Ул. Босна и Херцеговина 55
Македонија